„Добивме понуда од 250 милиони евра за Ламине Јамал и ја одбивме“, изјави претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, во гостувањето во подкастот на клубот.
Неговата изјава ја пренесе Фабрицио Романо, кој додаде дека се работи за понуда од Пари Сен Жермен која пристигнала уште пред официјалното отворање на годинешниот летен преоден рок.
„Која треба да биде вредноста на Јамал, кој исто така го освои Европското првенство и стана еден од најпопуларните играчи во светот, токму сега?“, додаде Лапорта за 17-годишниот скапоцен камен кој минатата сезона стана стандарден првотимец за Барса, се истакна на ЕУРО и беше еден од најзаслужните што Шпанија стана европски шампион.
🗣️ Joan Laporta: “On est venu me voir pour acheter Lamine Yamal pour 250M€ et j’ai dit non”pic.twitter.com/JAPnna5FD3
— LigActu 🇪🇸 (@LigActu) October 17, 2024
Доколку Барселона ја прифатеше таа понуда за Јамал, тој ќе станеше најскапиот играч во историјата на фудбалот. Во моментов тој статус го има Нејмар, кој беше купен од ПСЖ во 2017 година користејќи ја клаузулата што му овозможи да ја напушти Барселона за 222 милиони евра.