Селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски, го објави списокот на ракометарки на кои ќе смета за рамки на ЕХФ-неделата која е пред крајот на месец октомври.
Нашиот најдобар национален тим ќе игра на турнирот „Трофеј Карпати“ во Романија, а на списокот има 22 ракометарки за натпреварите против Романија, Словачка и Швајцарија.
- ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРКИ:
1. Јована Мицевска CSM SLATINA (ROU)
2. Матеа Чурлиновска ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК
3. Драгана Петковска PDO Salerno ASD (ITA)
4. Јована Саздовска CSM SLATINA (ROU)
5. Сара Ристовска CS RAPID BUCURESTI (ROU)
6. Ивана Гакидова CSM SLATINA (ROU)
7. Ивана Џатевска Várda Kézilabda KFT (HUN)
8. Теодора Дукоска ЖРК ЧАИР
9. Aлександра Коловска ЖРК МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА
10. Симона Маџовска BSV SACHSEN ZWICKAU (GER)
11. Сара Миновска ЖРК МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА
12. Катерина Дамјаноска ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК
13. Ива Младеновска BREST BRETAGNE HANDBALL (FRA)
14. Ана Марија Коларовска ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК
15. Јована Кипријановска SAMBRE AVESNOIS HB (FRA)
16. Андреа Седлоска RK LOKOMOTIVA ZAGREB (CRO)
17. Бојана Диневска ЖРК ЧАИР
18. Борјана Коцева ЖРК МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА
19. Марија Јанкуловска ЖРК МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА
20. Сара Стефановска RK ZORK JAGODINA (SRB)
21. Марија Анчева РК АСТИБО
22. Михаела Кралева ЖРК МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА
Собирот на женскиот национален тим е закажан на 21 октомври со почеток од 9:00 часот во спортската сала „Автокоманда“ во Скопје