Maкедонски државјанин водел терористичка група во Австрија и регрутирал нови членови.
Македонскиот државјанин издржувал петгодишна затворска казна, а им бил познат и на властите по неговите активности и поддршката за Исламската држава преку графити што ги цртал близу главната железничка станица во 2023 година, јавуваат австриските медиуми.
Македонскиот државјанин не само што активно ја поддржувал терористичката група, туку и регрутирал нови членови.
Меѓу приведените е и 15-годишен Австриец со мигрантско потекло, кој бил регрутиран од македонскиот државјанин.
Австриските власти најавија дека продолжува истрагата.