Фудбал

Молина: Мбапе има проблеми со алкохолот

Молина: Мбапе има проблеми со алкохолот

Францускиот новинар Ромен Молина познат по својата истражувачка работа, тврди дека напаѓачот на Реал Мадрид и репрезентацијата на Франција, Килијан Мбапе има проблеми со алкохолот.

Според Молина, 25-годишниот фудбалер често излегува од својот дом за да пие.

На 11 октомври Мбапе беше забележан во ноќен клуб во Стокхолм за време на натпревар со француската репрезентација. На 14 октомври се дозна дека полицијата во шведската престолнина отворила истрага за поплака за силување што наводно се случило во хотелот каде Мбапе престојувал во тој период.

Самиот фудбалер негираше каква било вмешаност во инцидентот. Подоцна, прес-службата на Реал Мадрид го отстрани напаѓачот од фотографијата на рекламната кампања за колекцијата „Artist Pack“.

Мбапе игра за Реал Мадрид од јули годинава. Во тековната сезона сезоната Французинот постигна седум гола и направи една асистенција на 11 натпревари.

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 180 милиони евра.

To top