Ракомет

Киелце обвинува за расистички скандал: Душебаев бил наречен – „е*ан Кинез

Киелце обвинува за расистички скандал: Душебаев бил наречен – „е*ан Кинез

Дуелот меѓу најдобрите полски екипи Кјелце и Висла Плоцк ќе биде одбележан и по расистички скандал.

Имено, од редовите на Киелце обвинуваат дека противничкиот тренер Хавиер Сабате по мечот го нарекол Талент Душебаев – „е*ан Кинез“.

„Како клуб сакаме да истакнеме дека ваквото расистичко или етничко однесување и напади се неприфатливи во професионалниот спорт на највисоко ниво. Спортот треба да обединува, а не да ги засилува разликите. Ќе бараме темелно објаснување на ситуацијата од страна на надлежните органи на лигата, која никогаш не требаше да се случи за време на натпреварот од осмото коло на Супер лигата помеѓу Висла и Киелце“, се вели во соопштението на Киелце.

To top