Фудбал

Македонската млада фудбалска репрезентација поразена од Грузија

Македонската млада фудбалска репрезентација поразена од Грузија

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година и иако поведе прва на мечот против Грузија, избраниците на Драган Канатларовски се враќаат со пораз од Кутаиси.

Македонија успеа да поведе со голот Фисник Исаки кој дебитантски стрелаше за младинскиот национален тим, но неговиот погодок сепак не се покажа како доволен за три бода.

Грузија беше крајно мотивирана и имаше императив да брка три бода поради борбата за второто место, а понесени од овој факт, домаќините успеаја да направат пресврт и да слават со 2:1.

Гордезиани израмни на 1:1 во 61-та минута и Грузијците до крајот го напаѓаа голот на Алчевски, кој потоа уште еднаш ја извади топката од својата мрежа.

Голот на Ломинадѕе се покажа како клучен за пресврт и победа, по која Грузијците сега се надеваат дека ќе бидат меѓу најдобрите второпласирани екипи во групната фаза.

Од друга страна, овие квалификации за Македонија завршија со пораз, со што ставивме крај на циклусот наречен ЕП 2025-та година.

To top