Американската национална вселенска агенција (НАСА) лансираше вселенско летало до сателитот Европа, замрзнатата месечина на Јупитер, каде, како што се верува, би можело да има вонземски облик на живот во огромен океан под ледената површина.
Леталото „Европа Клипер“ ќе патува пет и пол години до Јупитер, каде што ќе влезе во орбитата околу оваа огромна гасна планета и ќе помине блиску до сателитот Европа, пренесува „АП“.
На пат кон Јупитер, освен ако не се појават непредвидени проблеми, вселенското летало тешко шест тони, најголемото што некогаш НАСА го изградила за планетарна мисија, ќе помине покрај Марс и ќе се врати во орбитата на Земјата пред да се катапултира кон Јупитер и да прелета повеќе од три милијарди километри за да стигне до нејзината дестинација во 2030 година.
Научниците се речиси сигурни дека има длабок замрзнат океан под ледената кора на Европа и укажуваат дека таму каде што има вода, може да има и живот, што ја прави оваа месечина едно од посоодветните места за потрага по живот.