Ракомет

Парондо: По натпреварот со Вардар ќе се потсетам на едни убави времиња

Парондо: По натпреварот со Вардар ќе се потсетам на едни убави времиња

За прпват во кариерата Шпанскиот тренер Роберто Гарсија Парондо ќе води тим против Вардар и тоа ќе биде германски Мелсунген во рамките од Европска лига на ЕХФ.

Шпанскиот стратег го најави мечот со Вардар посочуивајќи дека по дуелот ќе се потсети на спомените и моментите кога со Вардар ја освои Лигата на шампионите.

„Имаме одличен старт на Европската лига, одигравме одлично со Порто. Но, мораме да продолжиме така пред својат публика. За првпат во кариерата ќе играм против Вардар откако заминав. Сигурно по натпреварот ќе се разбудат спомени, ќе имаме време да се потсетиме на едни убави моменти, но пред почетокот ќе се подготвуваме како за секој друг натпревар.

Кога во прашање е натпреварувањето, тимовите малку ги познавам. Започнуваме со анализа пред секој натпревар и одиме чекор по чекор. Секој натпревар е поинаков“, изјави Парондо.

 

To top