Култура

Операта „Кармен“ од Жорж Бизе вечерва во НОБ

Операта „Кармен“ од Жорж Бизе вечерва во НОБ

Операта „Кармен“ од Жорж Бизе, ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет вечерва и на 1 декември, со почеток во 20.00 часот.

Диригент е гостинката од Украина, Оксана Мадараш, режијата е на Нина Најденова од Бугарија. Сценографијата е на Елена Иванова од Бугарија, костимограф е Марија Пупучевска, светло дизајн, Васил Лисичов.

Вечерва, во насловната улога ќе настапи гостинката од Србија, мецосопранот Сања Анастасиа, а во улогата на Дон Хозе ќе настапи Зоран Сотиров. Како Ескамилио ќе настапи Ристе Велков, а во улога на Микаела, Катерина Стојановска. Во останатите улоги ќе се појават: Ана Ројдева Талевска, Соња Пендовска-Мадевска, Драган Ампов, Дејан Стоев и Тихомир Јакимовски.

На 1 декември ќе настапат: Сања Анастасиа од Србија, Зоран Сотиров, Васко Здравков, Елена Голомеова, Ана Ројдева – Талевска, Соња Пендовска Мадевска, Драган Ампов, Дејан Стоев, Тихомир Јакимовски.

Настапува хорот, балетскиот ансамбл, оркестарот на Националната опера и балет и детскиот хор „Пиколо“ при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, Скопје под раководство на Весна Димчевска.

To top