Македонија

Свечена заклетва на 28. класа питомци

Свечена заклетва на 28. класа питомци

Утре, 14 октомври 2024 година во 09:00 часот, во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, – Касарна Гоце Делчев – Скопје, ќе се одржи свеченост по повод заклетва на 28. класа студенти/питомци.

За време на одржувањето на свеченоста свое обраќање ќе имаат Претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски и деканот на ВА, полковник Митко Богдановски.

На настанот ќе присуствуваат началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор, Сашко Лафчиски, генерали, претставници на воено дипломатскиот кор, претставници од Министерството за одбрана и Армијата, како и роднини и пријатели на 28.класа питомци.

To top