Кошарка

Бразил го задржува Петровиќ за селектор

Бразил го задржува Петровиќ за селектор

Хрватскиот кошаркарски стратег Александар Петровиќ го продолжи договорот со бразилската кошаркарска репрезентација.

Како што соопштија од тамошната федерација, Петровиќ ќе остане на селекторската позиција до 2028 година.

Тој ќе ја предводи селекцијата на Бразил до крајот на следниот олимписки циклус, кој завршува во летото 2028 година, кога се одржуваат Олимписките игри во Лос Анџелес.

„По предолимписката титула во Летонија и седмото место на Олимписките игри, Александар Петровиќ продолжува како селектор на машката репрезентација на Бразил“, објавија Бразилската федерација.

To top