Во рамки на месец октомври, посветен на борба против рак на дојка кај женската популација, ја афирмираме пораката за важноста за превенција зашто тоа е клучно за спасување животи.
Универзитетскиот институт за позитронско-емисиона томографија, како институција со најсовремена опрема за ПЕТ/КТ дијагностика ги потсетува жените за вршење самопреглед, редовен преглед кај лекар, како и скрининг прегледи за да се превенира болеста, рано дијагностицира и навремено лекува.
Во насока на доближување на дијагностиката, Универзитетскиот институт за позитронско-емисиона томографија во соработка со Клиниката за онлологија и радиотерапија се солидаризира со сите жени кои се соочуваат со ова заболување за првпат на овој Институт за PET/KT скен се отвораат нови термини во неработните денови 11.10 и 23.10 со фокус на пациентките со карцином на дојка.
За потсетување, на светско ниво ракот на дојката е најчест карцином кај жената, афектирајќи околу 10% од женската популација, во секоја етапа од нивниот живот.