Познати Докази

Паф Деди испрати шокантно барање до полицијата: Подготвен е на сè за да излезе од затвор

Тој е обвинет за рекет, трговија со луѓе за сексуална експлоатација и кривични дела поврзани со проституција.

Паф Деди испрати шокантно барање до полицијата: Подготвен е на сè за да излезе од затвор

Контроверзниот рапер и медиумски магнат Шон Комбс, попознат по прекарот Паф Деди или само Диди, се подготвува за судење и побара од истражителите да му ги предадат сите докази што ги имаат против него.

Тој беше уапсен на 16-ти септември и од тогаш е во притвор. Тој е обвинет за рекет, трговија со луѓе за сексуална експлоатација и кривични дела поврзани со проституција.

Според Мирор, правниот тим на Деди поднел судски документ со кој бара да им бидат предадени сите докази за да можат „да го разгледаат материјалот пред судењето“.

Во документот се наведува дека Деди продолжува да тврди дека има право на „брзо судење“ и сака да побара судењето да се одржи најдоцна во април или мај 2025 година.

Адвокатскиот тим бара пристап до сè што властите запленија од домовите на раперот во Мајами и Лос Анџелес за време на рацијата. Владата во документот вели дека поседуваат неколку терабајти електронски материјал, вклучувајќи мобилни телефони, лаптопи, таблети и хард дискови.

Полицијата во моментов ги бара сите материјални докази кои се одземени кај Деди. Обвинителите ја прегледуваат и деловната евиденција на финансиските институции, телефонските компании, хотелите и авиокомпаниите.

To top