Угина последната жирафа во скопската Зоолошка градина, објавија неколку портали во земјава.
Оваа информација пред неколку минути на Фејсбук ја потврди и Стефан Кирков од ВМРО-ДПМНЕ, кој беше еден од кандидатите за нов директор на ЗОО Скопје.
-Скопје ЗОО остана и без последната жирафа!!! Последната жирафа од Скопската Зоолошка градина починала пред малку од неразјаснети причини!
Данела Арсовска заедно со нејзините таканаречени кадри ги испоумреа сите животни од нашата зоолошка!!! Додека таа и нејзините директори се закануваат со тужби(платени со скапи адвокати од наши пари) кон сите што им ја критикуваат нивната работа …. животните во Скопје ЗОО умираат од месец во месец!!! Што се случува со логорот за животни наречен СКОПЈЕ ЗОО???!!! Повторно ли ќе се заташка истрагата? Повторно ќе ги негираат сите обвинувања? Каде се друшствата за заштита за побараат одговорност?! Каде е Данела Арсовска??? Наскоро со сите детали ….но едно е јасно а тоа е дела ДАНЕЛА Е НАЈГОЛЕМОТО ЗЛО КОЕ МУ СЕ СЛУЧИЛО НА СКОПЈЕ!!! ОДГОВОРНОСТ !!!! Напиша на Фејсбук, Стефан Кирков.