Останати спортови

Лина Ѓорческа елиминирана во првото коло на турнирот во Словачка

Лина Ѓорческа елиминирана во првото коло на турнирот во Словачка

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ИТФ фјучрс турнирот во Братислава што се игра за награден фонд од 60.000 долари.

Таа во првото коло загуби од петтата носителка Антонија Ружиќ од Хрватска со 0-2 во сетови 4-6, 1-6 за 70 минути игра.

Со оваа победа Ружиќ поведе со 2-1 во добиени мечеви против македонската тенисерка.

To top