Свет Со дрон врз група цивили

Најмалку осум луѓе загинаа при израелски напад во близина на Рафа

Од 7 октомври минатата година во израелските напади врз Појасот Газа загинаа 41.909 луѓе, а повредени се 97.303 лица. Поголем број од жртвите се деца и жени. 

Најмалку осум луѓе загинаа при израелски напад во близина на Рафа

Во денешниот израелски напад со дрон врз група цивили пред пумпа за вода северно од градот Рафа, Појас Газа загинаа осум луѓе.

Според неименувани медицински извори во Европската болница во Газа донесени се осум безживотни тела откако израелските сили бомбардираа група цивили во Кирбет ал Адасу, северно до Рафа.

Од 7 октомври минатата година во израелските напади врз Појасот Газа загинаа 41.909 луѓе, а повредени се 97.303 лица. Поголем број од жртвите се деца и жени. (МИА)

To top