Промо

Нелт СТ поставува нови стандарди во дистрибутивните процеси

Дигитална испратница, ново решение за помала администрација, унапредување на процесот на следењето на текот на документацијата и значителна заштеда на пари и време.

Нелт СТ поставува нови стандарди во дистрибутивните процеси

Нелт СТ успешно имплементира нов целосно дигитализиран (end – to – end) процес, кој дополнително ги оптимизира операциите, подобрувајќи ја соработката и искуството на клиентите. На самиот почеток е поставен процесот на пласирање нарачка преку Електронска размена на податоци (EDI) за секое место на испорака, која понатаму е проследена во системот за динамичко рутирање, ефикасна WMS технологија на подготовка на нарачката со помош на гласовни команди (Pick by Voice) и завршува со ново решение – Дигитална испратница.

„Ни претставува огромно задоволство што ова напредно решение после пазарите на Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора успеавме да го имплементираме и на пазарот во Македонија со што продолжуваме да го следиме нашето заложување за примена на најсовремените технологии и процеси во секојдневното работење. Наш партнер, кој од самиот почеток ги препозна сите бенефити кои ги носи овој нов процес и безрезервно нè поддржа во оваа имплементација е Рамстор.

“Денес, со Рамстор имаме имплементирано комплетно дигитализиран процес од нарачка до испорака и архивирање на документација во дигитален формат“, вели Методија Христовски, менаџер на логистика во Нелт СТ и додава: “Нелт СТ како дел од Нелт Група, ќе продолжи да биде целосно фокусиран на потребите на нашите клиенти, постојано подобрување на нивното искуство од нивото на нашите услуги, воведувајќи решенија кои ќе придонесат за заеднички развој”.

Клучната причина за оваа трансформација е елиминирање на хартиената форма на фактурите и корективните документи кои досега ја следеа стоката или настануваа при самата испорака. Сега, сите тие детали се управуваат во реално време преку таблетите на доставувачите. Секое неопходно коригирање се прави при самата испорака за време на процесот на проверка на количини, а на крајот двете страни ги потврдуваат деталите во таблетот. Така финализираните податоци се испраќаат во системот на Нелт каде што се генерираат фактурите во дигитална форма врз основа на реално примените количини кај купувачот.

Дигиталните фактури се електронски потпишани, архивирани и испратени директно до клиентите преку е-пошта која тие ни ја споделуваат. Покрај системот на Нелт, дигиталните фактури дополнително се архивираат и чуваат од страна на овластен архивар (Инбокс) на територијата на Македонија со што овозможуваме максимална безбедност. Особено важно да се спомене е дека заедно со компанијата Инбокс развивме Cloud платформа која овозможува лесен начин за клиентите да го потврдат приемот на дигиталната фактура или да пријават какви било неправилности, со што процесот не завршува додека сите прашања не бидат разрешени. Ова ја подобрува точноста и ефикасноста, допринесува за точно задолжување во секое време и ослободување на кредитен лимит, дава пристап на клиентите и купувачите до платформата Track & Trace (следење во живо), дава исправни фактури и сторно документи истиот ден без употреба на корективни документи, а и значително ја намалува и употребата на хартија. Нелт СТ свесно и одговорно се залага за одржливост и заштита на животната средина.

Нелт Група во претходната година забележа неделно намалување на потрошувачката од 160.000 листови хартија, што преставува 800 килограми хартија. Со заштеда од речиси 65 проценти во делот на корективните документи, годишно се трошат 40 тони помалку хартија, со што се зачувани 1.000 дрвја кои инаку би се користеле за производство на хартија. На овој начин, Нелт Група се стреми да ги зачува природните ресурси и да го намали својот еколошки отпечаток, а со тоа да придонесе за одржлив развој на бизнисот и заедницата.

За Nelt Group

Нелт Груп е еден од најуспешните деловни системи во регионот Адриа во областа на логистика и дистрибуција на стоки за широка потрошувачка, тутун и фармацевтски производи. Како меѓународна групација, вработува повеќе од 5.500 луѓе во 14 компании, на 12 пазари во Европа и Африка. Водечката позиција и успесите постигнати во текот на 30 години бизнис се резултат на постојано инвестирање во едукација и развој на вработените, иновации и примена на нови технологии, а инклузивната и отворена корпоративна култура е заштитен знак на компанијата.

To top