Регион

Советот на министри на БИХ без одлука за прогласување Ден на жалост, утре е Ден на жалост во Република Српска

Советот на министри на БИХ без одлука за прогласување Ден на жалост, утре е Ден на жалост во Република Српска

Советот на министри на Босна и Херцеговина на вонредна телефонска седница немаше кворум за работа и одлучување за донесување одлука за прогласување на 8 октомври 2024 година за Ден на жалост во целата земја, поради трагичното страдање на жителите на БиХ кои ги загубија животите поради катастрофалните поплави и лизгање на земјиштето.

За донесување на одлуката имаше седум гласа, додека тројца членови на Советот на министри на БиХ не гласаа.

Владата на Република Српска (РС) го прогласи вторник, 8 октомври, за Ден на жалост во овој ентитет на БиХ, поради страдањата на населението на територијата на Федерацијата Босна и Херцеговина (БиХ) предизвикани од катастрофалните поплави и свлечиштата. Утре на институциите на РС ќе бидат истакнати знамиња на половина копје, ќе бидат откажани културни манифестации и спортски настани прилагодени на дадениот момент, соопштија од Владата на РС.

Советот на министри на БиХ и Владата на Федерацијата БиХ сè уште немаат донесено одлуки за денот на жалост поради страдањата на населението во областа Јабланица, Коњица, Фојница, Кисељак и Крешево.

Досега во поплавите на подрачјето на тие општини животот го загубија 20 лица, а потрагата по исчезнатите се уште трае.

Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина донесе одлука за одложување на локалните избори во тие општини, кои вчера се одржаа во остатокот од Босна и Херцеговина.

To top