Ракометните клубови на Тиквеш и Бутел стигнаа до рутински победи во ракометната Супер-лигата, откако победија против Радовиш и Прилеп.
Тиквеш го забележа вториот овосезонски триумф откако на гостински терен го совлада Радовиш со 23-35.
Јован Даневски со 11 погодоци беше клучна фигура на овој меч кај Тиквеш, а по пет гола постигнаа Анастасовски и Коцев.
Бутел рутински ја одработе задачата на домашен терен против Прилеп, славејќи со 25-18. Милошески и Михајловиќ со по четири гола ги предводеа стрелците на Бутел, додека најефикасни кај прилепчани беа Илиески и Квастек со по пет погодоци.