Кошарка

Проблеми за Далас, се повреди Данте Егзум

Проблеми за Далас, се повреди Данте Егзум

Австралискиот кошаркар Данте Егзум поради тешка повреда ќе пропушти одреден дел од сезоната во НБА лигата со Далас Маверикс.

Како што пренесуваат медиумите во САД, кошаркарот на Далас Маверикс, Данте Егзум, ќе мора да оди на оперативен зафат.

Егзум заработи тешка повреда на зглобот на десната рака и го чека долга пауза, па не се знае колку натпревари ќе пропушти следната сезона.

 

To top