Кошарка

Каваи Ленард неизвесен за стартот на сезоната

Каваи Ленард неизвесен за стартот на сезоната

Американскиот кошаркар Кавaи Ленард рече дека тој и лекарите од тимот одлучиле да не брзаат со неговото враќање на паркетот.

„Се чувствувам добро. Само одвојувам време, добивам сила и се подготвувам. Решивме да оставиме малку време, да одиме од ден на ден и само да се обидуваме да ме вратиме на теренот. Кога ќе почне да се зборува за играње два дена по ред, ќе видиме што ќе кажат тренерите.

Мојата цел е да го освојам првенството, не сакам да ги одиграм сите 82 натпревари” изјави кошаркарот на ЛА Клиперс.

To top