Кошарка

Победи на Работнички, МЗТ Скопје и ТФТ на отворање на новата сезона во машкиот шампионат

Победи на Работнички, МЗТ Скопје и ТФТ на отворање на новата сезона во машкиот шампионат

МЗТ Скопје Аеродром со убедливи 95:59 славеше во првото коло од новата сезона во Првата македонска кошаркарска лига против Шкупи.

А. Андоноски постигна најмногу, 21 поен, (со висок процент на реализација, 10/12 за два поени), имаше и шест скокови за МЗТ. А. Маслинко запиша 17 поени, М. Копривица реализираше 14, додека Б. Слај ги следеше со 13. На другата страна, З. Арчи беше најефикасниот играч со 18. поени, шест повеќе од В. Златевски.

Успешен старт во новиот шампионат имаше и тимот на ТФТ кој со 81:70 го надигра МКК Куманово. Во победничките редови Д. Говенс забележа 23 поени (седум асистенции), а кај поразените се истакна Т. Тадиќ со 25 поени.

Скопските ривали одиграа неверојатен натпревар во СРЦ „Кале“, покажаа две лица и од врвот паѓаа во дупка, а на крај посреќен беше домаќинот Работнички кој триумфираше со 90-85.

Прв поентер кај Работнички беше Стојан Ѓуроски со 26 поени, одлични беа и Полутак и Робев со по 15, а Андреј Шошкиќ натпреварот го заврши со 13 поени. Единствен двоцифрен во таборот на Феникс 2010 беше Стојковиќ со 14 поени.

 

To top