Нов играч на ТФТ е македонскиот кошаркарски репрезентативец Адем Мекиќ кој со ова го официјализира враќањето во домашната кошарка по безмалку две години поминати во странство.
Кошаркарот прво беше дел од романскиот прволигаш Темишвар, а потоа и од Задар со кого освои две титули во хрватското првенство.
Искусниот кошаркар се согласи на отворен договор со клубот, што значи дека ќе биде слободен да си замине ако до него стигне вистинска понуда, пред се од странство.
Македонецот е вториот играч кој доаѓа во Тафталиџе во краток период, по Дерин Говенс од САД.