Свет Украина

Зеленски во обиколка на војниците на пограничниот регион Суми, кои се борат во рускиот Курски регион

„Денес го започнав моето патување во регионот Суми со средбата со нашите војници, момци кои се борат во регионот Курск за да ги одбранат нашите погранични области и целата земја“, напиша Зеленски на Телеграм.

Зеленски во обиколка на војниците на пограничниот регион Суми, кои се борат во рускиот Курски регион

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека престојувал во регионот Суми, на границата со Русија, каде се сретнал со војниците кои учествуваат во борбите од другата страна на границата, во рускиот Курски регон.

Украина на 6 август започна офанзива на оваа руска погранична област.

„Денес го започнав моето патување во регионот Суми со средбата со нашите војници, момци кои се борат во регионот Курск за да ги одбранат нашите погранични области и целата земја“, напиша Зеленски на Телеграм.

Од почетокот на руската инвазија, на 24  февруари 2022 година, Зеленски неколку пати ја посетил областа во близина на фронтот. (МИА)

To top