Кошарка

Емил Рајковиќ и Александар Џикиќ држеа предавања на македонските тренери

Емил Рајковиќ и Александар Џикиќ држеа предавања на македонските тренери

Здружението на кошаркарски тренери на Македонија го реализираше тренерскиот семинар, кој важи како задолжителен за сите оние кои сакаат да јаа добијат потребната тренерска лиценца со важност за претстојната натпреварувачка сезона.

Тренерскиот кадар во нашата земја имаше вистинска можност за дополнителна едукација, односно присутните тренери во салата на СРЦ „Кале“ можеа да ги проследат предавањата на неколку гости во улога на предавачи.

Една доста обимна работна агенда која опфати предавања на познати тренерски имиња како Емил Рајковиќ и Александар Џикиќ, која ја направи раководниот тим на ЗКТМ.

To top