Живот и Стил Совети

Правите грешки поради кои се чувствувате уморно иако сте наспани

Кога нивото на мелатонин ќе се намали, тогаш не спиете доволно цврсто, па експертите препорачуваат да не користите електронски уреди околу час и половина пред спиење за наутро да се разбудете одморени.

Правите грешки поради кои се чувствувате уморно иако сте наспани

Сте спиеле доволно, но сепак се чувствувате уморно? Се будите со болки? Еве кои се можни причини за тоа:

Користите уреди пред спиење

Додека читањето на книга, на пример, е добар начин за да се заспие навечер, читањето на било што друго на уреди како телефон или лаптоп не е добра идеја. Истражување спроведено на Харвард покажало дека синото светло кое уредите го емитираат го потиснува хормонот мелатонин, кој го контролира циклусот на спиење и будење.

Кога нивото на мелатонин ќе се намали, тогаш не спиете доволно цврсто, па експертите препорачуваат да не користите електронски уреди околу час и половина пред спиење за наутро да се разбудете одморени.

Лоша положба

Ве боли грбот или вратот кога ќе се разбудите? Најверојатно цела ноќ сте спиеле свртени на една страна. Експертите велат дека спиењето на таков начин не е најдобро за колковите, па затоа советуваат меѓу колената да ставите перница.

Лоша перница

Можеби таа дебела, голема перница делува одлично, но би можела да биде причина за вашите „маки“. Ако перницата е премногу полна, главата ви е премногу крената во текот на ноќта што може да предизвика големи болки во вратот.

Пиете алкохол

Веќе знаете дека ќе бидете мамурни ако се опиете, но се чини дека не мора да бидете пијани за алкохолот да ви го уништи сонот. Имено, алкохолот го нарушува целиот циклус на спиење, рече доктор Арон Клар.

Истражување покажало дека мозокот на луѓето кои пијат алкохол пред спиење е поактивен кога ќе потонат во сон, поради што не се сосема одморени кога ќе се разбудат.

Секако, ако повремено се напиете чашка алкохол, тоа нема да влијае врз квалитетот на вашиот сон, но ограничете се на една чашка и тоа нека биде барем неколку часа пред спиење.

To top