Македонија 2024/2025

Конкурси за стипендии за учениците од Спортска академија и од Математичко-информатичката гимназија

Во објавените конкурси се наведени условите што треба да ги исполнат учениците, начинот на пријавување и потребните документи за аплицирање.

Конкурси за стипендии за учениците од Спортска академија и од Математичко-информатичката гимназија

Конкурси за доделување стипендии за ученици во државните средни училишта  Спортска академија и  Математичко-информатичка гимназија за учебната 2024/2025 година објави Министерството за образование и наука.

Месечниот износ на стипендијата за учениците во двете училишта е 3.500 денари кои ќе ја добиваат девет месеци во текот на учебната година.

За двата конкурса кандидатите треба да пополнат електронска пријава и да ја прикачат соодветната документација на  https://e-uslugi.mon.gov.mk/ Конкурсот е отворен од денеска до 21 октомври 2024.

Списоците со учениците кои ќе се стекнат со правото на стипендија ќе бидат објавени најдоцна до 20 ноември 2024 година на веб-страницата на МОН (mon.gov.mk) и во ДСУ Спортска академија односно во ДСУ Математичко-информатичка гимназија – Скопје.

Сите кандидати ќе добијат решенија во врска со статусот на поднесените апликации на своите електронски профили на http://e-uslugi.mon.gov.mk

Во објавените конкурси се наведени условите што треба да ги исполнат учениците, начинот на пријавување и потребните документи за аплицирање.

To top