Останати спортови

ОК Струмица се засили со браќата Ѓорѓиеви и Љафтов!

ОК Струмица се засили со браќата Ѓорѓиеви и Љафтов!

Одбојкарскиот тим на Струмица сериозно се засили за следните предизвици и донесе уште тројца македонски репрезентативци и тоа со огромно интернационално искуство, меѓу нив и најдобриот наш одбојкар.

Никола Ѓорѓиев, најдобриот одбојкар во македонската историја, на 36 години се врати дома. Кариерата надворешниот напаѓач ја почна во Струмица и се вивна во интернационалните височини, за пак да потпише за клубот од детството. Ѓорѓиев настапуваше за словенечки АЦХ Волеј, а играше и за екипи од Турција, Германија, Јапонија, Полска, Франција, Италија и Србија.

Во пакет со Никола доаѓа и неговиот брат Ѓорѓи Ѓорѓиев, исто така одбојкар со големо интернационално искуство во Турција, Франција, Бугарија и Полска, веќе долги години еден од главните техничари во македонската репрезентација.

Исто е и со примачот Александар Љафтов кој е интернационалец од 2010 година и настапуваше во Турција, Србија, Кипар, Египет, Хрватска, Бугарија, Саудиска Арабија и Кувајт, а првиот Македонец кој играл во најсилната одбојкарска лига во светот – Италија.

Репрезентативното трио се очекува да биде од големо значење за настапот на македонскиот шампион во ЦЕВ Купот каде се патува по елиминацијата од Олимпијакос од Лигата на шампионите.

To top