Македонија

Милевски: Сите домашни и меѓународни оценски анализи укажуваат на тоа дека работата во судството и правосудството не е како што треба

Милевски: Сите домашни и меѓународни оценски анализи укажуваат на тоа дека работата во судството и правосудството не е како што треба

„Работата во целото судство и правосудство не е како што треба и тоа го кажуваат и оценките во сите домашни и меѓународни анализи кои се прават“, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Пеце Милевски на денешната собраниска Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

„Недовербата во судството и правосудството е тоа што одредени луѓе кои направиле или не направиле некаков криминал, некое дело ситно како што сака народот да кажува за 10 ќебапи ќе те осудат којзнае колку години, а за друго дело во кое се договорени меѓу нив судијата со обвинителот се осудуваат луѓе на 1 година, а при тоа е сторен тежок криминал или се фатени во поткуп“, рече Милевски.

Тој истакна дека народот не верува во судството и дека довербата е сведена на 3% токму поради сето ова.
Милевски укажа дека овој пратенички состав на ВМРО-ДПМНЕ има сериозна поддршка од граѓаните и додаде:

„Овој пратенички состав на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата доби сериозна поддршка од граѓаните во која програма беа наведени работи дека се обврзуваме за длабоки реформи во правосудството, за независно судство комплетно ослободено од стегите и влијанијата на извршната власт преку системски решенија и трансформирање на правосудните органи во вистински независни“, вели Милевски.

Најнови вести од Македонија

To top