Следат некои производи и јадења за коишто не се препорачува овој кујнски апарат.
Лути пиперки
Без оглед дали се црвени или зелени, лутите пиперки содржат капсаицин – супстанција што при загревање испарува во затворениот мал простор. Отворањето на вратата од микробрановата печка потоа го изложува корисникот на тие испарувања што може бидат штетни за грлото, очите, носот и белите дробови.
Тврдо варени јајца
Загреано во микробранова печка, вареното јајце може да експлодира при сечењето потоа. Без разлика дали се излупени или не, јајцето во микробранова ослободува опасна пареа којашто не може да излезе од белката, па притисокот така се зголемува. При сечењето на јајцето (или уште полошо – при гризнување), веднаш се ослободува пареата што може да го изгори човекот.
Чаша вода
Многу луѓе употребуваат микробранова за побрзо да загреат вода за чај… Стручњаците светуваат – подобро немојте. Водата загреана во микробранова печка може и да се прегрее, а и да експлодира чашата.
Сос од домати
И тоа често завршува со прскање. Топлината и пареата од сосот што се загрева, излегуваат низ самиот сос. Пареата се впива во ѕидовите на микробрановата печка. Во некои случаи, сосот може да експлодира и при промешувањето, што може да доведе, најмалку – до валкање на облеката, но и до изгореници.