Осум израелски војници загинаа во борбите со либанската милитантна група Хезболах на југот на Либан, откако израелската војска започна копнена операција од понеделникот, соопшти израелската армија.
Во борбите се ранети петмина војници и еден офицер. Во текот на ноќта, израелската армија нападнала упоришта на Хезболах во Бејрут, по што Хезболах истрелал повеќе од 100 ракети и дронови кон Израел.
Израелската војска ја испрати 36-та дивизија во Либан, која ќе се придружи на 98-та дивизија.
Премиерот Бенјамин Нетанјаху изрази сочувство кон семејствата на загинатите израелски војници и изјави дека „иранската осовина на злото“ нема да успее да го уништи Израел.
Израелската армија проценува дека во утринските напади убила повеќе од 20 припадници на Хезболах во едно село на југот на Либан. (МИА)