Кошарка

Њујорк Никс и Минесота Тимберволвс ги разменија играчите

Њујорк Никс и Минесота Тимберволвс ги разменија играчите

НБА тимовите Минесота Тимбервулвс и Њујорк Никс се договорија за размена на своите најдобри играчи. Минесота го испраќа Карл-Ентони Таунс во Њујорк, во замена за Џулиус Рендл, Донте ди Винченцо и пик од првата рунда на драфтот.

Со заминувањето на Ајзеа Хартенштајн и со долгото заздравување на Мичел Робинсон, Никс бараше центар, кој го најде во 28-годишниот Таунс.

Таунс е во Минесота од 2015 година, кога беше избран како прв пик на драфтот. Во тој период беше четирикратен ол-стар, вклучително и минатата сезона, во која имаше просек од 21,8 поени и 8,3 скока, главно играјќи на позицијата четири.

To top