Свет Со голема брзина

Зеленски: Украина може годишно да произведува четири милиони дронови

„Во екстремно тешките услови на војната под постојани руски напади, Украинците успеаја да изградат практично нова одбранбена индустрија“, рече Зеленски.

Зеленски: Украина може годишно да произведува четири милиони дронови

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека таа земја може да произведува четири милиони беспилотни летала годишно и со голема брзина да го зголеми производството на друго оружје.

Обраќајќи им се на шефовите на десетици странски производители на оружје во Киев, Зеленски рече дека Украина веќе има договорено производство на 1,5 милиони беспилотни летала оваа година.

„Во екстремно тешките услови на војната под постојани руски напади, Украинците успеаја да изградат практично нова одбранбена индустрија“, рече Зеленски.

Украина тројно го зголеми своето вкупно домашно производство на оружје во 2023 година, а потоа повторно го удвои тој број само во првите осум месеци од оваа година, рече премиерот Денис Шмихал на истиот собир. (МИА)

To top