Хроника

Приведена прилепчанка поради извршена кражба, одземеното вратено на сопственикот

Приведена прилепчанка поради извршена кражба, одземеното вратено на сопственикот

На 01.10.2024 во 14.30 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ја лишиле од слобода Е.М.(42) од Прилеп поради сомнение дека од домот на И.М.(74) од Неготино одзела пари. Е.М. била приведена во полициска станица, а парите биле пронајдени и вратени на сопственикот.

По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

To top