Скопје општина Ѓорче Петров

Стојкоски: Градиме 1.800 метри нова пешачка патека и улично осветлување од Волково до Орман

Стојкоски: Градиме 1.800 метри нова пешачка патека и улично осветлување од Волково до Орман

Нова пешачка патека и улично осветлување се гради од Волково до Орман, информира градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

-ГРАДИМЕ 1 800 МЕТРИ НОВА ПЕШАЧКА ПАТЕКА И УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ ОД ВОЛКОВО ДО ОРМАН
Со изградбата на нова пешачка патека од 1800 метри и ширина од 1.4 метри, која ќе го поврзе ООУ „Јоаким Крчовски“ со село Орман, решаваме децениски проблем!
Зголемена безбедност за нашите жители и учениците, за уште поголема безбедност, поставуваме ново улично осветлување на 1400 метри од оваа траса.
Со оваа инвестиција од 7 000 000 денари не само што ги заштитуваме нашите ученици и жители, туку создаваме и повеќе можности за спорт, рекреација и здрав живот!
Вашата безбедност и благосостојба се наш приоритет!.

To top