Хроника

Тинејџер и малолетен сопатник тешко повредени во сообраќајка во Македонска Каменица

Тинејџер и малолетен сопатник тешко повредени во сообраќајка во Македонска Каменица

На 28.09.2024 во 22.45 часот во Полициското одделение Македонска Каменица, било пријавено дека на ул.„Илинденска“ во Македонска Каменица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Г.Р.(27) од Македонска Каменица и мотоцикл управуван од Л.Ф.(18) од с.Луковица.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и неговиот малолетен сопатник од Македонска Каменица, констатирани во Клиничката болница Штип, велат од полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Делчево.

To top