Хроника

Млада скопјанка тешко повредена, излетала со автомобил од улица во Кратово

Млада скопјанка тешко повредена, излетала со автомобил од улица во Кратово

На 28.09.2024 во 15.25 часот во Полициската станица Кратово, било пријавено дека на ул.„Гоце Делчев“ во Кратово, патничко возило „шевролет спарк“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.М.(31) од Скопје, излетало од коловозот.

-Во несреќата В.М. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кратово.

To top