Останати спортови

ТРАГЕДИЈА: Млада велосипедистка не го преживеа страотниот пад на трка

ТРАГЕДИЈА: Млада велосипедистка не го преживеа страотниот пад на трка

Страшна вест го погоди светот на спортот, откако младата швајцарска велосипедистка Муриел Фурер (18) почина по пад на трка.

За време на трката за јуниорки во Цирих (Швајцарија), таа учествувала во судир на патеката и во таа прилика се здобила со повреди на главата. Таа итно била пренесена во болница со хеликоптер, но за жал лекарите не успеале да и го спасат животот.

Потврдата за страшната вест ја даде Меѓународната велосипедска унија (УЦИ) преку официјално соопштение.

Со голема тага ве известуваме за трагедијата што се случи. Почина младата Муриел Фурер. Загубивме девојка на која ѝ претстоеше светла иднина. Таа доживеа пад за време на трката и сериозна повреда на главата. Беше пренесена со хеликоптер во болница во Цирих во критична состојба од каде што соопштија дека починала, се вели во соопштението.

To top