Кошарка

Атанасов: Одличен почеток и нов трофеј за МЗТ Скопје Аеродром

Атанасов: Одличен почеток и нов трофеј за МЗТ Скопје Аеродром

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром беше подобар од Пелистер со 78-64 во македонскиот кошаркарски Суперкуп, а тренерот Васко Атанасов го освои петтиот трофеј со екипата од Аеродром за помалку од година ипол.

Атанасов беше среќен со победата против големиот ривал бидејќи неговиот тим тргна успешно кон зацртаната цел, а тоа е одбрана на тројната круна.

„Мислам дека ова беше добар меч за гледачите. Сите бевме свесни за тежината на натпреварот. Честитки до моите кошаркари и стручниот штаб за играта. Ѝ благодарам и на публиката за поддршката. Ова за нас беше одличен почеток на сезоната и нов пехар во Аеродром“, кажа Атанасов.

To top