Александар Петровиќ не успеа како тренер на кошаркарскиот клуб Пелистер да му го донесе првиот трофеј во сезоната.
„Во првото полувреме одигравме како што се договоривме и тогаш имавме водство. Во вториот дел дојде до пад во играта и концентрацијата, особено во одбраната каде дозволивме да примиме лесни поени, не направивме фаули во вистинско време и тука ги гледам причините за поразот. Им честитам на играчите на МЗТ Скопје, денес беа подобри од нас. Ова е почеток на сезоната, во вторник нė очекува дуел со Широки Бријег и се насочуваме кон тој меч“, рече тренерот на Пелистер.