Советот на Општина Ѓорче Петров изгласа отпочнување на постапка за измена и дополнување на ДУП за Градска четврт СЗ 15, Блок СЗ 15.03 за обезбедување локација за нова катна гаража.
Катната гаража за паркирање на возила ќе биде лоцирана непросредно до Реонскиот центар, на место кое сега се користи како паркинг, и ќе обезбеди повеќе паркинг места. На ова место, Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров предлага бришење на маркица А2, односно домување во станбени згради со цел пренамена во локација за изградба на катна гаража.
По години недостиг на паркинг-простор во Реонскиот центар, конечно се преземаат конкретни чекори за решавање на овој проблем кој го отежнуваше секојдневното сообраќање во централно Ѓорче Петров.
Ова е само дел од напорите на локалната самоуправа за подобрување на условите за живот и инфраструктура во Општина Ѓорче Петров и во главниот град.