Пет пожари на отворен простор низ државава се евидентирани изминатото деноноќие, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Гореле стрништа, депонии, ѓубришта, сува трева и нискостеблеста вегетација, како и шума.
Скопската Бригада за противпожарна заштита од 2:50 до 3:40 часот, интервенирала на запалена ниска вегетација и ѓубре на обиколница – клучка кај Оризари. Било интервенирано со едно возило и четворица пожарникари.
Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица – Струмица од 18:50 до 19:30 часот, со тројца пожарникари и едно противпожарно возило, интервенирале на запалена депонија кај село Просениково. Од 23:30 до 24 часот со тројца пожарникари и едно возило, се интервенирало на запалена ниска вегетација, покрај улицата „Ристо Ќурчиев“.
Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица – Виница од 11:50 до 12:50 часот, со тројца пожарникари и две противпожарни возила, интервенирале на запалена ниска вегетација.
Од Регионалниот центар за управување со кризи – Велес информираат дека и на нивна територија имало помала интервенција.
– Изминатото деноноќие имало вкупно 1.792 повика на единствениот повикувачки број за итни случаи – 112 во ЦУК. Од нив, „реални“ повици биле 57,26 отсто, а 42,74 проценти биле за други потреби на граѓаните, што не биле итни. Кон полицијата биле упатени 70,94 отсто, кон Итната медицинска помош – 22,26 проценти, кон пожарникарите – 3,40 отсто, а кон АМСМ – 0,38 од реалните повици, се додава во соопштението. бд/дма/