Кошаркарите на Горан Самараџиев беа поразени од Сутјеска на домашен терен со 71-58 во првото коло од АБА 2 лигата.
„Сутјеска заслужи да победи, не бевме на висината на задачата. Одигравме добра четвртина, но тоа не е доволно за да му парираме против овој искусен тим на Сутјеска. Се гледа дека паднавме по отпуштањето на Јовичиќ, во тој момент нашиот втор плејмејкер не одговори соодветно. Дури и не направи разлика, а потоа беше тешко да се вратиш назад. Се враќавме само во одредена низа, но со по два до четири поени. Во последната четвртина откако се беше решено момците се опуштија и почнаа да играат. Се гледа дека не им недостига големо искуство, се гледа дека сме млада екипа и физички инфериорни во однос на гостинската екипа што прави разлика во АБА лигата. Ќе гледаме да се подобриме во следните натпревари и да учиме од овој пораз“ изјави стратегот на скопскиот тим.