Екипата на Пари Сен Жермен ја забележа втората победа во новата сезона во Лигата на шампионите, откако на гостувањето кај Виска Плок славеше во драмата со минимални 23-24.
Најпрецизен во победничкиот табор беше Шипжак со седум гола, еден помалку имаше Стеинс, додека Пранди постигна пет погодоци. За Висла прв стрелец беше Дашек со осум гола, од кои дури шест во првото полувреме.