Кошарка

Ефремовски: Сакаме со победа да ја отвориме новата сезона

Ефремовски: Сакаме со победа да ја отвориме новата сезона

Новата сезона во АБА2 лигата започна, МЗТ Скопје стартуваше со сигурна победа,  денес свој настап ќе има и најтрофејниот македонски клуб – Работнички.

Прв противник на „центарци“ ќе биде Сутјеска, а капитенот Виктор Ефремовски смета дека Работнички својата нова сезона ќе ја започне со победа во јадранското натпреварување.

„Вистинска чест е тоа што и оваа сезона ќе бидам капитен на тимот и среќен сум што по три години се вративме во АБА 2. Пред нас е одлична сезона со многу натпревари на кои ќе можеме да го покаже нашиот квалитет. Целта е оваа година да постигнеме многу поголем успех од минатата година, а тоа ќе го оствариме  со максимален фокус и поддршка од нашите навивачи. Подготвени сме да го пречекаме противникот в четврток и со победа да ја отвориме оваа сезона“, рече Ефремовски.

To top