Македонија

Директорот на БЈБ Јанев на Конвенција на шефовите на полиции во организација на Европол и претседавачот со ЕУ – Унгарија

Директорот на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, Александар Јанев, предводејќи ја делегацијата на македонската полиција вчера и денеска во седиштето на Европол во Хаг, Холандија, присуствува на Европската конвенција на шефовите на полиции.

Како што соопштија денеска од МВР, конвенцијата е организирана од Европол и актуелниот претседавач со ЕУ – Унгарија, посветен на низа теми од исклучително безбедносно значење, а практично учествуваат шефовите на полициите од земјите-членки на ЕУ, како и од оперативните и стратешките партнери за соработка.

– На годинашнава конвенција тематски поделена на три работни панели, приоритет за дискусија имаа темите од областите на недозволената трговија со дрога; потоа проблематиката на онлајн измами; како и горчливото прашање за ефектите од сајбер нападите, дезинформациите и другите слични закани по полициското работење. Односно во фокусот беа поместени актуелни подрачја со коишто се соочуваат органите надлежни за спроведување на законот, а во контекст на растечките закани од сериозниот и организиран криминал, новите начини на делување на криминалните групи и иновативни решенија за справување со предизвиците во борбата против криминалот, соопштија од МВР.

Инаку, вчера на маргините од настанот македонската делегација предводена од директорот Јанев имала повеќе билатерални средби со делегации и шефови на полиции од Германија, Велика Британија, Словенија, Хрватска, како и со претставници на Службата за дипломатска безбедност на САД (US DSS).

На средбите покрај позитивните оценки за досегашната успешна партнерска билатерална полициска соработка, се посочува во соопштението, биле актуелизирани и низа други прашања од заеднички интерес, а во насока на унапредување на постоечката соработка, како и во насока на квалитативно унапредување на истата.

Најнови вести од Македонија

To top