Фудбал

Проблеми за Интер, се повреди Барела

Проблеми за Интер, се повреди Барела

Тренерот на италијанскиот фудбалски шампион Интер Симоне Инзаги во наредниот период ќе биде без еден од клучните фудбалери Николо Барела кој заработи повреда на неделниот дуел со Милан.

Италијанскиот репрезентативец мораше предвреме да го заврши градското дерби , а деталните лекарски прегледи потврдија дека повредата на мускулот е сериозна.

Прогнозите велат дека тој ќе се врати на терените дури по репрезентативната пауза.

Ова значи дека тој ќе ги пропушти следните две средби од Серија А, против Удинезе и Торино, како и наредниот дуел од Лигата на Шампионите во кој „нероаѕурите“ ќе ја пречекаат Црвена Звезда.

To top