Познати

Марко Кон имал 156 килограми, а сега е непрепознатлив: Поради болеста животот целосно му се промени

Многумина велат дека Марко сега е речиси непрепознатлив, а се одлучил на диета пред се поради лошата здравствена состојба.

Марко Кон имал 156 килограми, а сега е непрепознатлив: Поради болеста животот целосно му се промени

Марко Кон се изори со вишокот килограми. Во еден период имал дури 156 килограми, но за само неколку месеци успеал да ослабе 45 килограми.

Многумина велат дека Марко сега е речиси непрепознатлив, а се одлучил на диета пред се поради лошата здравствена состојба.

Имено, пред неколку години му бил дијагностициран дијабетес тип 3, кој не можел да го контролира ниту со инсулин, ниту со лекови, па лекарите го советувале на диета како единствен начин за закрепнување, а за сето тоа Марко проговорил пред медиумите.

-Во еден момент имав 156 килограми, што навистина ми пречеше, а имаше и екстремно висок шеќер што не можев да го контролирам со ништо. Го имам генетски, кој се третира на посебен начин. Примав инсулин некое време, но не ги смири параметрите. Диетата беше неопходна. Ги намалив порциите за една третина, ги исклучив јаглехидратите и вака функционирам шест месеци. Всушност, тоа трае околу една година и за тоа време ослабев 45 килограми. Појадувам јајце, за ручек порачувам десет ќебапи и цел ден ги развлекувам. Јадам сега два, потоа уште два за два часа, па повторно за неколку часа. На крајот ја јадам вообичаената порција, но поделена на шест, седум часа,  изјави своевремено Марко за „Стори“.

Најнови вести од Познати

To top