СВР Штип поднесе кривична пријава против Т.С.(30) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
При преглед кај други две лица, полициски службеници пронашле и одзеле хероин и амфетамин, кои ги набавиле од пријавениот.
Додека, при претрес во неговиот дом во Штип, биле пронајдени и одземени хероин и марихуана.