Свет Генералното собрание на ОН

Министрите за надворешни работи на земјите од Г7 ветија дека ќе продолжат со санкциите против Русија

Министрите изразија подготвеност да продолжат со проширувањето на постоечкиот пакет санкции и економски мерки (против Русија), се вели во изјавата на министрите по преговорите.

Министрите за надворешни работи на земјите од Г7 ветија дека ќе продолжат со санкциите против Русија

Министрите за надворешни работи на земјите од Г7 денеска на состанокот во Њујорк, каде што се одржува Генералното собрание на ОН, ветија дека ќе продолжат со воведувањето санкции кон Русија во врска со украинската криза.

-Министрите изразија подготвеност да продолжат со проширувањето на постоечкиот пакет санкции и економски мерки (против Русија), се вели во изјавата на министрите по преговорите.

Исто така, се наведува дека земјите од Г7 „ја изразуваат својата намера да продолжат да преземаат неопходни мерки, без да го прекршуваат националното законодавство, против поединци во Кина и други земји кои обезбедуваат материјална поддршка на Русија“.

Министрите за надворешни работи на Г7 „ја изразија својата намера да продолжат да вршат значителен притисок врз приходите на Русија од енергија и други стоки“.

Според прелиминарната проценка, руската економија пораснала за 4,4 отсто во првите седум месеци од 2024 година, изјави рускиот премиер Михаил Мишустин на состанокот на Владата.

To top